Вакцината на Џонсон и Џонсон е ефективна меѓу 66 и 85 отсто

Од:

Американската компанија Џонсон и Џонсон планира следната недела да побара одобрение од Американската агенција за храна и лекови за итна употреба на нејзината вакцина, која се применува во единечна доза.

Како што соопшти компанијата, ефективноста е помеѓу 66 и 85 проценти.

Според компанијата, највисоката ефективност е прикажана кај тешките случаи во САД, додека клиничките испитувања на три континенти покажале дека е 66 проценти ефективна против различни варијанти на вирусот.

Во истражувањето спроведено на скоро 44.000 волонтери, нивото на заштита од умерени и тешки форми на болеста е 66 проценти, но само 57 проценти во Јужна Африка, каде се појави загрижувачка варијанта на коронавирусот.

Ова се послаби резултати од оние прикажани од двете веќе одобрени вакцини во САД, на Фајзер/БиоНТек и на Модерна, кои во испитувањата покажаа ефективност од околу 95 проценти во спречување на симптомите на болеста кога се даваат во две дози.

Главната цел на студијата на Џонсон и Џонсон беше да се проучи ефективноста на вакцината во спречување на умерени и тешки форми на болеста, а се покажа дека е 85 проценти ефективна во спречување на сериозни симптоми и спречување хоспитализации и против разни варијанти, 28 дена по имунизацијата.

Би можело да ве интересира

Во почетокот на октомври европскиот регулатор одлучува за трета доза вакцина против Ковид-19

Ана Ололовска

Сиромашните земји ги обвинија богатите за нерамномерна распределба на вакцините

Ана Ололовска

Во Грција на факултет само со сертификат за вакцина или негативен тест на сопствен трошок

Комисија на ФДА препорача трета доза вакцина за постари лица и изложени на ризик

Мери Јордановска

МЗ: Во средата и во текот на вчерашниот ден, аплицирани се вкупно 22.581 вакцини

А1он

Владата на Зимбабве им порача на државните службеници: Нема вакцина, нема плата

А1он