Вакцината „Џонсон и Џонсон“ вратена во употреба во САД

Од:

Американската Агенција за храна и лекови (ФДА) и Центрите за контрола и превенција на болести (ЦДЦ) ја укинаа привремената забрана за употреба на вакцините „Џонсон & Џонсон“, соопшти Агенцијата за храна и лекови.

САД можат веднаш да ја обноват вакцинацијата со „Џонсон & Џонсон“, соопштија здравствените регулатори, завршувајќи ја десетдневната пауза, периодот што беше искористен за испитување на врската меѓу вакцината и исклучително ретките, но потенцијално смртоносни тромбози.

Американските Центри за контрола и превенција на болестите (ЦДЦ) и Агенцијата за храна и лекови во заедничката изјава наведуваат дека здравствените системи и примателите на вакцини ќе бидат предупредени на ризикот од потенцијално фатален синдром, што вклучува сериозни крвни згрутчувања и ниски тромбоцити.

Агенциите одлуката ја донесоа по состанокот на надворешни советници на ЦДЦ кои препорачаа да се запре со вакцинацијата со „Џонсон & Џонсон“. Одлуката следеше по истрагите на агенциите за ризиците од вакцината.

-Веќе не препорачуваме пауза во употребата на оваа вакцина, изјави директорката на ЦДЦ, Рошел Валенски на брифинг со новинарите, додавајќи дека вакцината може да се користи веднаш.

Би можело да ве интересира

Конгресот ги укина барањата за вакцинација против Ковид за странските патници

Ентони Фаучи, советникот на Бајден за ковид, позитивен на коронавирус

САД: Бројот на случаи на Ковид-19 е тројно зголемен за еден месец

Џонсон и Џонсон го паузира производството на својата вакцина против Ковид-19

А1он

Американските авиокомпании бараат укинување на тестирањето за вакцинираните против Ковид

„Џонсон и Џонсон“ оваа година очекува до 3,5 милијарди долари заработка од продажба на вакцини

А1он