Вакцината „Џонсон и Џонсон“ против Ковид-19 која се имплементира во една доза и формално доби дозвола за употреба во САД. Регулаторното тело, Управата за храна и лекови одобри оваа вакцина да биде третата која ќе се користи за имунизација во земјата покрај оние на Фајзер и на Модерна.
Вакцината Џонсон и Џонсон се смета за поекономична верзија токму на овие две вакцини, особено што може да се чува во обичен фрижидер, а не е неопходен замрзнувач со особено ниски температури.
Белгиската компанија „Janssen“ која ја произведува вакцината се обврза да достави 100 милиони дози во САД до крајот на јуни. Првите дози во САД би можеле да бидат достапни следната седмица.
Нарчаки од оваа вакцина имаат и Велика Британија, Европската Унија и Канада, а 500 милиони дози треба да бидат доставени за Ковакс механизмот.
Резултатите од испитувањето на вакцината покажаа дека има повеќе од 85 проценти ефикасност во спречувањето сериозно заболување, а е со 66 проценти ефикасност на мутираните видови. За време на клиничкото тестирање немало смртни случаи ниту пак хоспитализирања од последици од вакцината.