Вајнстин обвинет за силување и кривично сексуално дело

Од:

Обвинител на Менхетен покрена обвинение против американскиот продуцент Харви Вајнстин за силување и кривично сексуално дело.

Обвинителот Сајрус Р. Венс во образложението за обвинението истакна дека со тоа Вајнстин е за чекор поблиску до одговорност за наводните напади врз две жени во Њјорк.

Адвокатот на Вајнстин Бенџамин Брефмен изјави дека жестоко ќе го брани својот клиент и ќе бара од судот да го повлече обвинението.

Обвинението е покренато само неколку часа откако Брефмен објави дека Вајнстин одбива да сведочи пред Големата порота, затоа што немал доволно време за одбрана, како и дека политичкиот притисок го направил обвинението „неизбежно“.

Би можело да ве интересира

Поднесен предлог-закон: САД да се повлече и од Обединетите нации

Лукашенко: Не исклучувам обид на САД да предизвикаат политички конфликт меѓу Русија и Кина

Рокас: Напорите на САД за забрзување на евроинтеграциите се повеќе од добредојдени

Американците и Русите тајно се состанувале во Швајцарија со месеци, разговарале за Украина

Волц: Украина да го „намали тонот“, да ги замолчат критичарите

А1он

Лавров поднесе извештај: Почнуваме со нормализација на сите односи со САД