Вацлав Клаус повторно фотографиран со љубовницата

Од:

Чешките таблоиди повторно објавија фотографија на претседателот Вацлав Клаус со поранешната стјуардеса Петра Беднарова.

Фотографијата е направена на прашко тениско игралиште, на истото место како и минатата година и повторно е овековечен моментот на предавање на букет цвеќе.

Според пишувањето на весниците, средбата по повод роденденот на 32-годишната Беднарова оваа година е остварена порано поради обврски на претседателот во август.

Обезбедувањето на Клаус, поради присуството на новинарите го изнеле претседателот на задниот излез и не дозволиле следење на двојката.

Таблоидите во Чешка, аферата со Беднарова ја обелоденија во 2007 година објавувајќи нејзини фотографии со Клаус. Тогаш таа работеше како стјуардеса во владиниот авион.

Во едно интервју, Клаус коментирајќи ја неговата наводна невера изјави:

„Човек кој ја преминува улицата на црвено секако дека треба да смета на тоа дека може да се лизне и да биде прегазен од некој автомобил“.

Би можело да ве интересира

Маж зема воспитувачка како заложник, па и се закануваше со нож, драма во градинка во Чешка

Мигранти пронајдени во камион во Чешка, една жена почина

Маж со нож рани три лица на бензинска пумпа во Прага

Страшна несреќа во Чешка: Повредени се пет лица

(ВИДЕО) Судар на возови во Чешка: четворица мртви, десетици повредени

Катерина Ѓуровски

Чешкиот претседател имаше сообраќајка, пренесен е во болница