Вацлав Клаус по заминувањето од претседател ќе биде соработник на американскиот институт „Кејто“

Од:

Чешкиот претседател Вацлав Клаус по заминувањето од функцијата во март годинава ќе и се врати на својата „љубов“, економијата, и кариерата ќе ја продолжи како соработник на угледниот американски Институт „Кејто“, јави дописникот на МИА од Прага.

Институтот, со седиште во Вашингтон, се занимава со прашања од областа на слободниот пазар и економската политика.

Соработката со Институтот не е изненадување, бидејќи 71-годишниот чешки економист и во минатото учествувал на неколку конференции организирани од американските конзервативци.

Во 2009 година, на пример, во Вашингтон тој зборуваше на Конференцијата посветена на 20-годишнината од падот на комунизмот во Централна и Источна Европа. Институтот, исто така, спаѓа во организациите кои го делат критичкиот став на Клаус кон влијанието на човекот врз глобалното затоплување.

Се претпоставува дека Клаус ќе продолжи и со објавувачката дејност. Во последните години тој напиша неколку книги кои се занимаваат со економските реформи и економската политика во периодот на транзицијата.

Неизвесно е дали Клаус ќе се вклучи и во политичкиот живот.

Шпекулациите дека тој ќе биде новиот „спасувач“ на неговата матична партија, владејачката Граѓанско демократска партија (ОДС), чиј рејтинг драстично се намалува, стануваат се помалку веројатни.

Неговата омиленост кај јавноста драстично се намали откако на почетокот на годината прогласи амнестија, која опфати над 20.000 лица.

Би можело да ве интересира

Фиала: Русија повеќе не може да не уценува

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Силна експлозија во ресторан: Шест мртви, осум повредени

Предраг Петровиќ

Маж зема воспитувачка како заложник, па и се закануваше со нож, драма во градинка во Чешка

Мигранти пронајдени во камион во Чешка, една жена почина

Маж со нож рани три лица на бензинска пумпа во Прага

Страшна несреќа во Чешка: Повредени се пет лица