В понеделник едноминутно молчење во ЕУ

Од:

Лидерите на сите земји-членки на ЕУ денеска порачаа дека се обединети во борбата против тероризмот и најавија дека в понеделник ширум Унијата ќе се одржи едноминутно молчење во спомен на жртвите од нападите во Париз.

– Нападот на Франција е напад врз сите нас, се наведува во заедничкото соопштение на шефовите на држави и влади на 28-те држави членки на ЕУ по повод синоќешните терористички напади во Париз, во кои загинаа најмалку 128 луѓе.

Тие порачаа дека со сите средства ќе се борат против екстремизмот, тероризмот и омразата и нема да дозволат да дојде до поделби, страв и омраза, како што посакуваат терористите.

Во соопштението се додава дека 13 ноември од сега ширум ЕУ ќе се одбележува како Ден на жалост.

Би можело да ве интересира

ЕУ им нуди на Украинците сопствен договор, постои клучна разлика од тој на Трамп

ЕУ усвои нов пакет-санкции против Русија

Калас: Одржувањето претседателски избори за време на војна не е опција за Украина

Koшта: ЕУ мора да биде вклучена во преговорите со Русија за завршување на војната во Украина

Ројтерс: ЕУ ќе му каже на Израел дека го поддржува враќањето на Палестинците во Појасот Газа

Трамп ги вклучи сите аларми во Европа: Макрон повика на итен состанок на лидерите на ЕУ во Париз