Двајца тинејџери се убиени, а најмалку четворица се ранети кога напаѓач отворил оган на домашна забава во градот Беј Сент Луис во американската држава Мисисипи, јави денеска ABC News.
Според полицијата, осомничениот (19) е уапсен, а на повредите им подлегнале две жртви на возраст од 16 и 18 години.
Две од жртвите се ученици во средното училиште Беј во Беј Сент Луис, додека четворица се од средното училиште Хенкок во Килн, 21 километар северозападно од Беј Сент Луис.