Граѓаните на Мисисипи изгласаа ново знаме

Од:

Граѓаните на Мисисипи изгласаа ново знаме со цвет на магнолија, откако оваа лето државата одлучи да го замени повеќедеценискиот конфедерациски борбен амблем.

За новото државно знаме гласаа 68 проценти од гласачите, додека 32 отсто беа против.

Законодавното тело на државата сега ќе треба да усвои закон за новото знаме да го усвои како државно за време на следното редовно заседание следната година.

Новото знаме има бел цвет на магнолија на темносина позадина, со црвени и златни пруги.

Околу цветот има 20 ѕвезди, кои го симболизираат статусот на Мисисипи како дваесетта држава во федерацијата, а златната петокрака ѕвезда е симбол на племињата на домородното население во оваа држава.

Популарното име за Мисисипи е Држава на магнолијата, а дрвото и цветот на магнолијата се негови државни симболи.

Мисисипи беше последната сојузна држава што имаше знаме со амблемот на конфедерацијата, што беше усвоено во 1894 година.

Би можело да ве интересира

Бостонската полиција уапси 100 студенти на протестите против војната во Газа

Тројца повредени во торнадо во Небраска, стотици куќи оштетени

(ВИДЕО) Десетици торнада го погодија централниот дел на САД, има повредени

ВИДЕО: САД градат пристаниште за достава на помош во Газа

Катерина Ѓуровски

Блинкен: Се надеваме дека повеќе Американци ќе студираат во Кина

Студентски бунт во Америка, 100 академици уапсени во Колумбија