Узбекистанскиот сенат усвои закон со кој на територијата на државата се забрануваат странски воени бази и воедно се определува дека земјата нема да пристапи кон никакви воени сојузи.
Сенатот ја ппотврди претходната одлука на Парламентот, кој сега треба да ја потпише претседателот Ислам Каримов.
Во законот се истакнува и дека Узбекистан нема да стапи во никаков воен совет. Со него се забранува и секакво учество на узбекистанските трупи во воени конфликти или мировни мисии во странство.
Законот е дел од „надворешнополитичкиот концепт“. Узбекистан во јуни го откажа сојузот со Москва.