Уверен сум, ќе ја поминеме зимата со резервите за гас, вели европскиот комесар Бретон

Од:

Европскиот комесар за Внатрешен пазар, Тјери Бретон изутринава како гостин на Франсинфо, изјави дека е „уверен дека ќе ја поминеме зимата“ со резервите на гас, јави дописникот на МИА.

„Ќе ја поминеме зимата, уверен сум“, рече Тиери Бретон за енергетската криза што ја погоди Европа. За да се избегне можен недостиг на гас, кој вообичаено во голем дел доаѓа од Русија, еврокомесарот уверува дека „во моментов ги полниме сите наши резервоари“. Според него, „лани во истиот период бевме на 61 отсто пополнување, годинава сме на 76 отсто.

Во однос на пожарите кои ја погодуваат Франција и Европа, каде од почетокот на годината изгореа 660.000 хектари вегетација. Бретон најави: „Ќе ја удвоиме флотата на водени бомбардери до 2029 година“ на европска противпожарна заштита. „Два дополнителни бомбардери ќе бидат позиционирани во Франција, два други во Италија, два во Грција, два во Шпанија и два во Португалија“, додава тој.

Франција, бидејќи побара помош за справување со пожарите, има покрај „своите 12 водени бомбардери, 6 дополнителни водени бомбардери, што е половина од европската флота. Половина од европската флота е позиционирана на аеродромот Мерињак, Бордо“.

Во однос на јавните финансии, според Бретон : „Еу ќе мора да се врати на дефицитот од 3 отсто“

-Јасно кажувам дека ќе мора да се вратиме на дефицитот од 3 отсто“, изјави Тиери Бретон. Според ИНСЕЕ, Франција имала дефицит од 6,4 отсто во 2021 година. Од друга страна, европскиот комесар ја евоцира можноста за „ремонт на Европскиот пакт за стабилност и раст“ и правилото за задолженоста на земјите-членки од 60 отсто од стапките: „Во однос на задолженоста, ќе го разгледаме ова на модуларен и прагматичен начин. Ќе треба да најдеме правила кои се покомпатибилни со моменталната ситуација“.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Власта и општините не крателе од плати и патни трошоци туку од граѓаните за да ги покријат расходите во кризата

Факиќ: Заради покривање на енергетската криза грѓаните се оштетени за 220 милиони евра

МФ: Обезбедени 100 милиони евра од ЕБОР за поддршка за справување со енергетската криза

Завршува грејната сезона и кризната состојба во енергетиката

ЕУ лидерите се договорија за рамка за справување со ценовниот шок од енергетската криза

Митилинеос – Когенеративна постројка Скопје“ доби статус на стратешки инвестиционен проект