Утврдена најниската температура за живот

Од:

Научниците ја одредија најниската температура на која едноставниот живот може да живее и да се развива. Студијата објавена во списанието ПЛоС Оне, откри дека на температура од минус 20 степени Целзиусови едноклеточните организми дехидрираат, што го доведува во витрификирана состојба – кога се претвораат во стакло и не се во состојба да го завршат својот животен циклус.

Истражувачите предлагаат, со оглед на тоа, дека под оваа температура организмите не можат да се репродукцираат, минус 20 Целзиусови да биде прогласена за најнизок лимит за живот на земјата.

Научниците ги поставиле едноклеточните организми во воден медиум, по што ја спуштиле темепратурата. Како што опаѓала температурата медиумот почнувал да се претвора во мраз и како се зголемувале кристалите во мразот водата во самите организми течела и станувала мраз.

Ова довело до дехидрирање на клетките а потоа до нивно претворање во стакло. Кога клетките се претвораат во стакло, научниците веќе не ја сметаат за живот бидејќи не е во состојба да се размножува. Но клетките можат да оживеат кога температурата повторно ќе се зголеми.

Покомплексите организми можат да преживеат пониски температури затоа што се во состојба да ја контролираат состојбата во клетките до одредена мерка.

– Дрвјата, животните и инсектите можат да ја контролираат течноста која ги опкружува нивните интерни клетки. Кај луѓето тоа се крвта и лифата, објаснува професорот Ендрију Кларк.

Ова откритие исто така објаснува зошто успева смрзнувањето на храната. – Повеќето замрзнувачи работат на температура од минус 20 степени Целзиусови што им оневозможува на бактериите да се множат и така да ја расипат храната.

Би можело да ве интересира

Развиена вештачка интелигенција која го открива ракот на дојката години пред да се развие

Ана Ололовска

Ѓоргиевска: Со заеднички ангажман да ја поттикнеме и поддржиме научно-истражувачката дејност кај жените

А1он

Јапонски научници развиваат вакцина против стареење

Ана Ололовска

Вештачка интелигенција предложи лек за редок рак кај децата

Ана Ололовска

„Стенфорд“: Ајнштајн бил во право за црните дупки

Ана Ололовска

Откриена мистериозна ДНК која асимилира гени од различни организми

Ана Ололовска