Утре во Бон почнува Конференција за климата

Од:

Утре во Бон почнува Конференција за климата, која ќе трае до 17 ноември, а со собирот годинава ќе претседава Фиџи.

Германија, како домаќин, за организацијата издвои 117 милиони евра. На брегот на Рајна направен е шаторски град за 25.000 учесници, кој е со големина на осум фудбалски игралишта.

Дојче веле оценува дека овогодинешните разговори би можеле да бидат тешки. Од една страна, поради најавата на американскиот претседател Доналд Трамп за повлекување на САД од Парискиот договор, а од друга страна, се очекува странските делегации да разработат правилник, кој би бил усвоен на следната климатска конференција во Полска, во 2018 година.

Тоа значи дека ќе биде неопходно единстве меѓу државите, за на хартија да се дефинираат конкретни мерки.

На конференцијата најавено е присуство на францускиот претседател Емануел Макрон и германската канцеларка Ангела Меркел, чие доаѓање, како и на другите лидери, е најавено за крајот на конференцијата.

Би можело да ве интересира

Мерц се обидува да добие поддршка од Зелените за измени на законот за ограничување на долгот

Мерц: Разговорите со Франција и Велика Британија за споделување нуклеарно оружје не како замена за заштитата на САД

Германските конзервативци и Социјалдемократската партија ќе формираат коалициска влада

Медиуми: Се зголемува бројот на загинати и повредени во Мајнхам

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Најмалку еден загинат во инцидент во германскиот град Манхајм

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Автомобил удри во толпа луѓе во Мајнхам, засега не се знае колку лица се повредени

Горан Наумовски