Утре итен состанок на Советот за безбедност на ОН поради насилството во Појасот Газа

Од:

Советот за безбедност на ОН утре ќе одржи итен состанок зад затворени врати за да разговара за најновата ескалација на конфликтот меѓу Израел и палестинскиот Исламски џихад во Појасот Газа, соопшти палестинскиот амбасадор во ОН Ријад Мансур.

Состанокот е на иницијатива на Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ), членка на Советот за безбедност на ОН, заедно со Кина, Франција, Ирска и Норвешка, се наведува во соопштението на директорката за стратешки комуникации на МНР од Емиратите, Афра Махаш ал-Хамели.

„Обединетите Арапски Емирати ја нагласија потребата да се врати мирот во Појасот Газа, да се намали ескалацијата и да се зачуваат цивилните животи“, рече таа, додавајќи дека Абу Даби „изразува длабока загриженост поради сегашната ескалација и повикува на максимална воздржаност за да се спречи вовлекување во нови нивоа на насилство и нестабилност“.

На утрешната средба членовите на Советот за безбедност ќе разговараат за најновите случувања и како да се „поддржат меѓународните напори за постигнување сеопфатен и праведен мир“, објавија израелските медиуми.

Одлуката за средбата е донесена неколку часа откако палестинската мисија во ОН им се обрати на членките на Советот за безбедност на ОН и ги повика, како што се наведува во соопштението на кабинетот на палестинскиот амбасадор, „да ги преземат (своите) одговорности за да ја запрат израелската агресија врз палестинскиот народ во Појасот Газа и да обезбедат меѓународна заштита за палестинскиот народ“.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Америка стави вето на резолуцијата на Советот за безбедност на ОН за прекин на огнот во Газа

Конститутивна седница на Советот за безбедност: Состојбата во земјата е стабилна

А1он

Kонститутивна седница на Советот за безбедност

А1он

Претседателката Сиљановска Давкова ги именуваше Малинка Ристевска Јорданова, Џевдет Хајредини и Владимир Спиридонов за членови на Советот за безбедност

Предраг Петровиќ

Безбедносната состојба во моментов не е загрозена, нема потреба да се свика Советот за безбедност, вели Тошковски

Хамас ја поздрави резолуцијата на Советот за безбедност на ОН за поддршка на предлогот за прекин на огнот во Појасот Газа

Горан Наумовски