Усвоени вкупно две милијарди евра воена помош од ЕУ за Украина

Од:

Советот на ЕУ денеска одобри дополнителна воена помош за Украина, вкупниот износ достигнува две милијарди евра, јави дописничката на МИА од Брисел.

На предлог на високиот претставник за надворешна политика на ЕУ, Жозеп Борел, земјите членки на ЕУ денеска дадоа зелено светло за нова транша помош за украинските воени сили.

ЕУ веќе испрати три транши, во вкупен износ од 1,5 милијарди евра, четвртата транша од 500 милиони евра значи дека украинската војска сега добила две милијарди евра вкупно од ЕУ.

Воените средства и ресурси од ЕУ за Украина се усвојуваат во рамките на Европскиот мировен фонд, бидејќи тој фонд е стриктно меѓувладин и е надлежност само на земјите членки, не на заедничкиот ЕУ буџет.

Со оваа помош ЕУ сака да докаже дека ја поддржува Украина во својата борба против руската агресија и да помогне да се заштити цивилното население.

Борел го поздрави одобрувањето на предлогот.

-Со овие 500 милиони евра, земјите членки на ЕУ алоцираат вкупно 2 милијарди помош во воена опрема за украинските воени сили. Оваа поддршка е само дек од европските напори да и се помогне на Украина да се брани. ЕУ и нејзините земји членки се решение да продолжат, рече шефот на ЕУ дипломатијата.

Оваа последна транша од 500 милиони евра е поделена на 490 милиони евра воена опрема и 10 милиони евра за лична заштитна опрема, прва помош и гориво.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Падни пред нозете на Американците и капитулирај

Ќе има проблем, Зеленски повторно не го потпишува договорот за минералите

Предраг Петровиќ

САД подготвуваат резолуција за Украина: ЕУ ја смета за контроверзна, Русите ја сметаат за одлична

Путин за моќното оружје: Температурата на боевата глава е иста како температурата на површината на Сонцето

Предраг Петровиќ

Мусаев: Со кодно име – „Краснов“, Трамп е руски шпион

Предраг Петровиќ

Американците и Русите тајно се состанувале во Швајцарија со месеци, разговарале за Украина