Уставниот суд во Бурунди дозволи трет мандат за претседателот на земјата

Од:

Уставниот суд на Бурунди дозволи и трет, едно по друго, мандат за актуелниот претседател Пјер Нкурунзиза, иако Уставот на оваа африканска земја не дозволува повеќе од два мандати за шефот на државата.

Во своето образложение, Судот вели дека ваквото решение било донесено затоа што „не се брои првиот мандат„ бидејќи Нкурунзиза бил поставен со именување од Парламентот,а не на општи избори.

Ваквото решение на Уставниот суд доаѓа по бегството на потпретседателот на овој суд, кој плашејќи се дека ќе биде ликвидиран, побегна од Бурунди.

Судијата Силвер Нимпатаритсе тврди дека мнозинството од судиите, сметаат оти третиот мандат на претседателот е противуставен, но дека по силните закани на кои биле изложени, морале да го сменат своето мислење.

Соопштението на претседателскиит кабинет дека актуелниот шеф на државата сака да се кандидира на претстојните претседателски избори, за уште еден мандат, предизвика политичка криза во земјата и масовни протести во главниот град Буџумбура и низ другите градови.

Според сознанијата на Црвениот Крст, најмалку 12 лица беа убиени во текот на протестите, откако полицијата употреби огнено оружје за да ги растера демонстрантите.Голем е бројот на ранетите, а не се знае колкумина беа уапсени и каква е нивната судбина.

Нкурунзиза е поранешен водач на герилците во земјата, кој во 2005 година, по завршувањето на 12 годишната граѓанска војна и потпишаната мировна спогодба, беше назначен од Парламентот за претседател на Бурунди.Во 2010 година тој одново се кандидира и победи, но домашната опозиција ги бојкотираше изборите.

Амерканскиот државен секретар Џон Кери, го повика актуелниот претседател да се откаже од намерата да се кандидира и по трет пат на функцијата.Африканската унија во посебно соопштение, изрази загриженост за ситуацијата во земјата,но нејзниот Совет за мир и безбедност, сепак, повика да се почитува одлуката на Уставниот суд, без разлика каква ќе биде таа.

Бурунди е една од најмалите афрински држави, сместена во источниот дел на континентот, меѓу ДР Конго,Танзанија и Руанда.

Би можело да ве интересира

Масакр во Бурунди: Убиени се најмалку 20 луѓе, меѓу нив 12 деца, две бремени жени и еден полицаец

Горан Наумовски

Десет млади ракометари од Бурунди кои исчезнаа во Хрватска, сега се „појавија“ во Белгија

Горан Наумовски

Мистериозни исчезнување во Хрватска: Нема трага ни глас од 10 ракометари од Бурунди

Младите ракометари од Бурунди дојдоа во Хрватска на светското првенство, а потоа исчезнаа

Предраг Петровиќ

Бурунди нема да дозволи влез на специјалниот известувач на ОН во земјата

А1он

ВИДЕО: Изгоре затвор во Бурунди, починаа 38 затвореници

А1он