Уставниот суд на Египет ја одложи одлуката за легалноста на уставната комисија, Морси распиша референдум за нацрт-уставот

Од:

Уставниот суд на Египет го одложи денеска „од административни причини“ донесувањето на одлуката за легалноста на уставотворната комисија која го состави спорниот нацрт устав, усвоен во Собранието во кое доминираат исламисти.

Претходно, над илјада приврзаници на египетскиот претседател Мохамед Морси, се собраа утрово пред Уставниот суд во Каиро, спречувајќи ги судиите да влезат во зградата. Демонстрантите, со плакати за поддршка на Морси, ја поминаа ноќта пред зградата.

Се очекува дека судиите ќе донесат одлука за законитоста на уставотворната комисија, со што судот директно ќе ја прекрши одредбата на претседателскиот декрет со кој на било кое судско тело му се забранува да ја распушти комисијата.

Морси синоќа распиша референдум за нацрт уставот за 15 декември и во говорот преку националната телевизија ги повика Египќаните да го искористат своето демократско право.

Ден претходно, десетици илјади противници на Морси одржаа протест на каирскиот плоштад Тахрир, за да протестираат против декретот за проширување на претседателските овластувања и брзото усвојување на нацрт-уставот.

Нацрт-уставот предизвикува сериозна загриженост во поглед на почитувањето на човековите права, вклучувајќи ги верските слободи, наведуваат опозициски активисти.

Би можело да ве интересира

Египет: Еден турист загина во напад на ајкула, а друг е повреден

(ВИДЕО) Товарен брод тоне во близина на египетскиот брег на Црвеното Море, се заканува голема катастрофа

Петмина преживеани пронајдени еден ден по бродоломот во Црвеното Море

Во близина на Египет потона туристички брод, спасени се 28 лица, потрагата по другите продолжува

Откриен вистинскиот лик на еден од најпознатите фараони во историјата

Предраг Петровиќ

43 повредени во автобуска несреќа во Египет