Уставниот суд на Шпанија денеска на пленарната седница ја блокираше Декларацијата за независност на Каталонија, објави шпанскиот весник „Ел Мундо“.
Уставниот суд ги предупреди членовите на постојаната парламентарна канцеларија во Каталонија, вклучувајќи ја и претседателката на парламентот, Карме Форкадел, да ја суспендираат секоја иницијатива која вклучува спроведување на декларацијата, пишува весникот.
Покрај Форкадел, предупредувањето беше испратено до поранешниот потпретседател на распуштениот каталонски парламент, Љуис Гин и други претставници на Каталонија.