Уште три лица се уапсени во врска нападите во Тулуз

Од:

Француската полиција притвори три лица, вклучувајќи и еден војник на југот на Франција под истрага за минатогодишните терористички напади во Тулуз, објави денес обвинителството на градот.

Францускиот претседател Франсоа Оланд, пред 10 дена во Тулуз изјави дека Франција го засили собирањето на разузнавачки информации за да спречи терористички напади како оние што ги изврши Мохамед Мерах во тој град.

Мерах, според соопштението на полицијата, во март минатата година уби три еврејски деца, рабин и тројца војници. Тој подоцна беше убиен во вооружен судир со полицијата.

Две лица се уапсени доцна вчера во Тулуз и тоа во населбата каде што Мерах, радикален муслиман, поминал дел од детството. А третото лице, војник на должност, беше уапсен утрово во Кастро, соопшти портпаролката на Обвинителството Ањез Тибо Лекуивр.

Таа рече дека сите тројца биле блиски со Мерах, но иследниците сакаат да знаат каков точно бил нивниот однос и дали некој од нив можеби бил вмешан во подготовката на нападите од минатата година.

Претходно, во врска со овој случај беа уапсени пет луѓе, но сите беа ослободени по сослушувањето. Само братот на мерах, Абделкадер е обвинет за соучество и е задржан во притвор.

Би можело да ве интересира

Трагедија во Париз: Тинејџерка фрли бебе од прозорец по породувањето

Франција: Едно лице загина, а неколку се повредени во Мулхаус, Макрон тврди дека станува збор за „исламистички тероризам“

Макрон: Франција нема да испрати копнени трупи во Украина

Макрон итно ги собира европските лидери на самит за Украина

Катерина Ѓуровски

Првите француски ловци Мираж 2000 пристигнаа во Украина

Трагедија во Франција: Двајца тинејџери убија 14-годишно момче во Париз