Уште едно дете падна низ прозорец во Виена

Од:

Двегодишно дете падна од прозорец од стан во 11. виенска област.

Несреќата се случи во четвртокот околу осум часот наутро, додека за детето се грижела 45-годишната баба.

Жената на кратко отишла до тоалетото, а за тоа време детето се качило на прозорецот од станот на улицата Симерингер хауптштрасе и паднало долу на бетонот. Иако паднало од висина од 4 метри, детето не се здобило со сериозни повредеи, но полицијата против неговата баба покрена истрага за небрежност.

Инаку, ова е само една во низот слични несреќи во австрискиот главен град во последно време. Пред неполни два месеци две тригодишни момчиња во рок од неколку дена паднаа од прозорец. И двете деца го преживеаа падот.

Службата за безбедност во сообраќајот соопшти дека во Австрија 20-тина деца паѓаат од прозорец, а во просек два до три имаат смртен исход. Оваа институција ги предупредува родителите и старателите да не ја потценуваат способноста на малите деца. Се препорачува вградување на сигурносни брави на вратите од терастите, а родителите се молат каучите да не ги ставаат покрај прозорците.

Би можело да ве интересира

Паника во Европската Унија – доаѓа нов Орбан, склучил „пакт“ со Путин

А1он

(ВИДЕО) Австрискиот канцелар поднесе оставка, преговорите за коалициската влада пропаднаа

А1он

Австрија ќе почне да ги депортира Сиријците

Горан Наумовски

Австрија ќе го укине ветото за прием на Романија и Бугарија во Шенген

Фон дер Лајен: Европа има резерви на гас и покрај уцената на Путин

Русија ја прекина испораката на гас за Австрија поради спор околу плаќањето

Горан Наумовски