Уште една, позаразна мутација на коронавирусот пристигнала во Британија од Јужна Африка

Од:

Во Велика Британија се откриени два случаи на нова позаразна мутација на Ковид-19, изјави британскиот министер за здравство Мет Хенкок.

Двете лица, кај кои е откриен мутираниот вид на коронавирус, патувале во Јужна Африка, каде што мутацијата е поврзана со неодамнешниот скок на бројот на новозаразени.

Поради ова, воведени се ограничувања за патување во Јужна Африка, а лицата кои патувале во последните две недели во африканската земја и тие кои биле во контакт со оние кои пристигнале од Јужна Африка треба веднаш да се самоизолираат.

Британија веќе се бори да го спречи ширењето на претходна мутација на вирусот, за која речиси со сигурност се смета дека е позаразна и до 70 проценти. Во тек се истражувања кои треба да го потврдат ова.

„Оваа нова варијанта многу загрижува, ако таа е уште позаразна, а изгледа дека е поизменета, односно повеќе мутирана од претходно откриената во Велика Британија,“ рече Хенкок.

Би можело да ве интересира

Познат британски политичар уапсен под сомнение дека силувал деца

Медиуми: Британија и некои земји од ЕУ работат на сопствен одбранбен фонд, одвоено од Брисел

Повеќето Британци сакаат да се вратат во ЕУ

Канада и Британија воведоа санкции кон Белорусија по претседателските избори

Британија ќе го следи рускиот брод во близина на нејзиниот брег

Британскиот адмирал: На чекор сме од нуклеарен армагедон