Сомалиската армија и силите на Африканска унија зазедоа бастион на исламистичката група Ал Шабаб во јужниот дел на Сомалија.
Тоа е втора победа врз силите поврзани со Ал Каеда за помалку од една недела, изјави министерот за одбрана, генерал Абдулкадир Шеих Али Дини.
– Силите презедоа контрола над Динсор. Откако ја изгубија битката бунтовниците избегаа, а војниците извршуваат операција за воспоставување на безбедност во градот, посочи генерал Дини.
Сомалиската армија и војниците на Мисијата на Африканската унија во Сомалија (АМИСОМ) го зазедоа градот Бардере.
АМИСОМ, во кој учествуваат етиописки и кениски војници, минатата недела почнаа операција против Ал Шабаб во јужна Сомалија.