Уште еден англиски крал закопан под паркиралиште?

Од:

Само три години под изненадувачкото откриете на гробот на кралот Ричард Трети под паркиралиште во центарот на градот Лечестер во централна Англија, научниците веруваат дека и еден од неговите претходници би можел да биде закопан под „паркинг“, и се надеваат дека ќе го пронајдат.

Историчарката Филипа Ленгли којашто ја започна потрагата по останките на Ричард Трети, сега е на трагот на останките на неговиот претходник Хенри Први, еден од првите англиски владетели по норманското освојување на Англија во XI век. Ленгли е дел од тимот кој трага по остатоците во опатијата Рединг, која Хенри ја основал во 1121 година. Таму, 14 година подоцна, бил и погребан, Тогашните критичари велат дека се прејал пеклари, еден вид риба сличен на јагулите.

Како и во случајот на Ричард Трети, точната локација на гробот на Хенри Први не е позната, бидејќи опатијата е уништена пред 400 години. „Мислиме дека опатијата, доколку била помала, можела да се наоѓа на местото на денешното училиште во Рединг, а доколку била поголема, потрагата би требало да ја прошириме на областа на денешното игралиште или паркиралиште“, вели Ленгли.

Откривањето на останките на Ричард Трети, последниот крал од династијата Плантагенети и последниот англиски крал кој загинал на бојното поле во 1485 година, во Лечестер се смета за едно од најважните археолошки откритија во поблиската британска историја.

Неговото тело со кралски почести беше погребано пред два месеца во катедралата во Лечестер. Церемонијата предизвика голем интерес во светот. Ричард е прославен од делата на Вилијам Шекспир, кој го опишува како крвожеден тиранин. Дел од денешните историчари сметаат дека таквиот опис бил дел од средновековната пропаганда по поразот на Ричард Трети во англиската граѓанска војна, позната како Војна на розите.

Ниту репутацијата на Хенри Први не е подобра. Тој е четвртиот син на Вилијам Освојувачот, нормански владетел кој ја покорил Англија во 1066 година., а на престолот дошол откако постариот брат Вилим Втори загинал во лов во сомнителни околности.

Хенри е првиот англиски крал кој го научил англискиот јазик, а поради вонредното образование, го добил прекарот Боклерк, односно Добриот научник.

Би можело да ве интересира

Борис Џонсон во своите мемоари тврди дека кралицата Елизабета имала рак на коските

Три жени ранети во престрелка во Англија

Англија ја совлада Ирска

Мал авион се урна во индустриска зона во Честерфилд

Моторна едрилица се урна на сред пат: Пилотот и патникот преживеаја

(ВИДЕО) Ескалира насилството во Британија: Ќе залажите за ова екстремно десничарко насилство