Уште две лица починаа во Саудиска Арабија од новиот коронавирус

Од:

Уште две лица починале во Саудиска Арабија од новиот коронавирус, близок до причинителот на таканаречената атипична пневмонија (тежок остар респираторен синдром или ТОРС), пренесе ДПА, повикувајќи се на Министерството за здравство.

Со тоа вкупниот број жртви на новиот респираторен вирус Блискоисточен респираторен синдром (БИРС) во Кралството достигна 28.

БИРС низ светот ја предизвика смртта на најмалку 33 лица, се наведува во податоците на Светската здравствена организација (СЗО), цитирани од британските медиуми.

Последните двајца починати во Саудиска Арабија се странци, на возраст од 46 и 21 година. Од септември до сега во оваа блискоисточната земја БИРС е дијагностициран кај најмалку 46 лица.

Случаи на зараза беа регистрирани уште во Јордан, Катар, Обединетите Арапски Ммирати, Тунис, Германија, Франција и Велика Британија. ТОРС пред 10 години ја предизвика смртта на околу 800 лица.

Би можело да ве интересира

Зеленски ја одложи посетата на Саудиска Арабија

Американците патуваат во Саудиска Арабија на преговори со Русите, Украина не е поканета

Саудиска Арабија: Не го признаваме Израел без палестинска држава

Саудиска Арабија планира да инвестира 600 милијарди долари во трговијата со САД

Реформите за човековите права во Саудиска Арабија: Работниците сега можат да ги менуваат работните места

ВИДЕО: Снег во Саудиска Арабија