Уште двајца тибетски монаси се самозапалија во антикинески протест

Од:

Уште двајца тибетски монаси, на возраст од по дваесетина години, се самозапалија за да го изразат својот протест против кинеското управување со Тибет.

И двајцата починале, соопштија американските медиуми, повикувајќи се на организацијата за заштита на човековите права „Меѓународна кампања за Тибет“.

Органзиацијата, формирана во Вашингтон, прецизира дека еден од монасите се запалил пред храм во северозападната провинција Гансу, во непосредна близина на десетици поклоници, собрани за молитва на крајот од празнувањето по повод тибетската Нова година.

Вториот се запалил пред манастир во соседната провинција Цинхај.

Од 2009 година досега најмалку 106 тибетски монаси се самозапалија и покрај мерките на кинеските власти, кои овие акти ги третираат како криминал.

Би можело да ве интересира

Лавина во Тибет, загинаа најмалку 28 луѓе

Во лавина во Тибет загинаа 20 лица, осум се водат како исчезнати

А1он

Членови на движењето „Free Tibet“ се обидоа да го прекинат палењето на олимпискиот оган во античка Олимпија

САД: Ќе воведеме санкции за Кина ако Пекинг се меша во изборот на Далај Лама

Жарко Настоски

Силен земјотрес регистриран во Тибет

Ана Ололовска

Далај Лама: Човештвото има потреба од единство

Ана Ололовска