Двајца француски новинари – репортерот Никола Енен и фотографот Пјер Торес, на 22 јуни биле киднапирани во Сирија.
Ова денеска на јавноста и го соопштија нивните семејства и француското Министерство за надворешни работи, кои досега ја криеле информацијата за нивното киднапирање, пренесоа француските медиуми.
Заедно со Дидие Франсоа и Едуар Елиас, кои беа киднапирани на 6 јуни, сега во Сирија како заложници се држат вкупно четворица француски новинари.