Уште 10.000 откази во Шведска

Од:

За околу 10.000 лица во Шведска се најавени отказни решенија во текот на ноември годинава, се наведува во најновиот извештај на шведскиот Завод за вработување, јави дописникот на МИА од Гетеборг.

Во октомври веќе беа најавени 10.300 откази. На крајот на ноември годинава 403.000 лица, или 8,6 отсто од работно способното население, кои се водат во регистарот на Заводот за вработување, биле невработени или опфатени со разни мерки на шведскиот пазар на трудот.

Станува збор за зголемување на бројката на невработени лица за 26.000 во споредба со истиот период лани.

Невработеноста е во пораст во поголем дел од шведскиот региони.

Најниска невработеност од 6,3 проценти е регистрирана во регинот на Упсала.

Би можело да ве интересира

Уште двајца повредени во пожарот во Кочани се транспортирани во болница во Шведска

Наставник ги казни учениците, им залепи лента на устите

А1он

(ВИДЕО) Шведска на Евровизија ја претставуваат Финците кои пеат за сауни

Повеќето од жртвите на масакрот во Шведска се имигранти, сè сугерира дека нападот не е случајност

Државјанка на БиХ e убиена во масовно пукање во Шведска, нејзин сонародник е тешко ранет

Горан Наумовски

Убиецот од Шведска кој направи масакр: Со години носеше качулка и ги држеше рацете преку устата

А1он