Ушаков: Трамп е недоволно информиран

Од:

Американскиот претседател Доналд Трамп дава многу изјави, а Москва ги следи, изјави денес помошникот на рускиот претседател Јуриј Ушаков.

Тој рече дека веруваат дека американскиот лидер не е доволно информиран за интензитетот на терористичките напади што ги извршува Киев врз мирни руски градови и дека одмаздничките напади врз Украина се насочени само кон воени цели.

„Трамп дава многу изјави и зборува за многу работи. Заклучуваме дека американскиот лидер е недоволно информиран, особено за нападите на вооружените сили на Украина врз руските градови“, нагласи Ушаков, коментирајќи ги изјавите на Трамп за рускиот претседател Владимир Путин и неговите постапки во Украина, пренесува Спутник.

Според изјавите на советникот на рускиот лидер на новинарот на телевизијата „Русија 1“, Павел Зарубин, Трамп не разбира целосно дека Русија извршува напади исклучиво врз објекти на воена инфраструктура или воено-индустрискиот комплекс на Украина.

„Трамп знае само за контрамерките што ги преземаме“, нагласи Ушаков.

Би можело да ве интересира

Барнам од Киев: Украина е првата линија на одбраната на Европа, поддршката продолжува и покрај заканите од Москва

Кремљ: Велика Британија долева масло на огнот во украинскиот конфликт

Трамп: Иран доживува целосен колапс

(ВИДЕО) Руската војска собори ракета „Фламинго“ ФП-5 со митралез

Иранската државна телевизија емитуваше закани кон Барон Трамп, спомената е награда од 10 милиони долари

Горан Наумовски

Москва: Киев ја отвори Пандорината кутија, одмаздата ќе ја чувствува секој ден и ноќ