уша: Романските војници ќе се повлечат од Авганистан до крајот на 2014 година

Од:

Романија ќе го повлече контингентит од Авганистан до крајот на 2014 година, изјави денеска романскиот министер за одбрана Мирча Душа.


Тој истакна дека романските војници веќе предале три зони под контрола на локалните сили.


Сега во Авганистан има 1.600 романски војници, а во втората половина од годината нивниот број ќе се намали до 500, а на крајот од годината ќе останат 200 романски војници кои нема да учествуваат во воени операции.


– Тоа ќе бидат офицери и специјалисти, кои ќе ја обучуваат авганистанската армија, посочи Душа.


Романија во јули 2002 година испрати околу 1.700 војници во провинцијата Забул. Околу 20 романски војници загинаа во Авганистан, а десетици беа повредени.

Би можело да ве интересира

Авганистан: Талибанците со закон им забранија на жените да зборуваат јавно

Авганистанска брачна двојка си ја уби 15 годишната ќерка во Германија: Брутално претепана и удавена

Во и поплавите во Авганистан загинаа најмалку 50 лица

Тројца шпански туристи загинаа во Авганистан

Горан Наумовски

Девет деца загинаа откако експлодираше нагазна мина во Авганистан

Силен земјотрес го погоди Авганистан