Американската агенција за развој УСАИД ја прекина дејноста во Боливија, откако во мај претседателот Ево Моралес објави дека ја протерува организацијата од земјата, поради политичка дејност и заговор.
УСАИД работеше во Боливија од 1964 и според нејзини податоци таму инвестирала две милијарди долари.
Амбасадата на САД во Ла Паз соопшти дека од синоќа го запира администрирањето и раководството на програмата за соработка во Боливија и ги прекинува инвестициите во земјата.
Минатата седмица општинските власти на престолнината Ла Паз гласаа експропријација на зградите на УСАИД, проценети на 2,5 милиони долари.
За 2013 година агенцијата планираше да инвестира 23 милиони долари во земјата.