Уругвај до крајот на годинава ќе ја легализира марихуаната

Од:

Уругвајските власти планираат наскоро во целост да го легализираат конзумирањето на марихуана.

Уругвај на овој начин смета дека ќе се намали насилството и криминалот. За таа цел властите планираат одгледувањето и продажбата на канабис да ја стават под своја контрола. Претседателот Хозе Мухика, исто така, ја поддржува оваа иницијатива.
Доколку властите успеат во својата намера, Уругвај ќе стане земја што е дури полиберална од Холандија.

Парламентот без никакви проблеми го прифати тој предлог, а останува да биде прифатен и од Сенатот. Доколку ова се оствари, до крајот на годината секој жител на Уругвај постар од 18 години ќе може легално да купи и да конзумира марихуана.
Марихуаната ќе се продава легално во аптеки, кои сепак ќе мора да извадат специјална дозвола за тоа.

Месечно секој жител ќе може да купи максимум 40 грама. Исто така, секој што сака би можел и сам да одгледува до шест стебла од човек.

Би можело да ве интересира

Иранците покажaa голема подземна поморска база

Предраг Петровиќ

Зеленски: Украинската армија сега е поголема од руската

Четири држави против Украина во НАТО

Масакр во училиште во Словачка: Има мртви и повредени

ВИДЕО: Италијански Ф-35 и руски Сухој на работ на инцидент над Балтичкото Море

Русите на седум километри од Дњепропетровската област, населението известено за заканата