Урнато минарето на една од најстарите џамии во Алепо

Од:

Минарето на една од најпознатите и најстари џамии во Сирија е урнато денеска во тешките борби во градот Алепо, соопштено е во Дамаск.

Според државната агенција САНА, бунтовниците го дигнале во воздух минарето што потекнува уште од 11 век.

Во соопштението на бунтовничките сили, меѓутоа, се тврди дека минарето на Умајад џамијата е урнато по тенковскиот напад што го извршиле силите на сириската армија.

Џамијата во Алепо се наоѓа под заштита на УНЕСКО како едно од светското културно наследство.

Локацијата на која се наоѓа џамијата од почетокот на оваа година е под контрола на бунтовниците,но целиот регон е се уште поприште на војување и на остри пресметки меѓу бунтовничките сили и сириската армија.

Агенцијата САНА тврди дека минарето старо повеке од илјада години го собориле припадниците на групата Џабхат ал-Нусра, која е поврзана со терористичката мрежа на Ал Каеда,додека бунтовниците ги отфрлаат таквите обвинувања.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Израел погоди станбена област во Дамаск, меѓу загинатите има жени и деца

Катерина Ѓуровски

Иран го предупреди Израел: Ќе ви одговориме уште посилно, ставете не во искушение

Во израелски напад на Дамаск загина и познатa сириска новинарка

Израел го ликвидирал братот на Башар ал Асад ?

Израелска армија: Го убивме лидерот на Хамас во Сирија

Серија израелски напади врз Сирија, најмалку пет лица загинаа, 19 се ранети