Уредници упатиле протестно писмо до Камерон

Од:

Уредници на влијателни медиуми од северниот дел на Европа, упатиле протестно писмо до британскиот премиер Дејвид Камерон, поради неговиот однос кон весникот „Гардијан“.

Апсењата и кривичните истраги врз партнерите на новинарите на весникот „Гардијан“, кој пишуваше за програмата за надзор и шпиунажа, може да ја загрозат слободата на медиумите ширум светот, стои во писмото до Камерон.

Во отвореното писмо, уредниците на данскиот „Politiken“, шведскиот „Dagens Niheter“, норвешкиот „Aftenposten“ и финскиот „Helsingin sanomat“,наведуваат дека притворањето на партнерот на новинарот Глен Гринвлад, Давид Миранд се сведува на малтретирање.

Тие порачаа дека случувањата во Англија, во последните неколку недели предизвикуваат страв и го повикаа премиерот да ја врати својата влада меѓу водечките застапници на слободата на медиумите.

Британската полиција, минатата недела на аеродромот Хитроу, го задржа Миранд околу девет часа.

Гринвалд објави низа текстови за американската Национална безбедносна служба врз основа на податоците кои му ги достави поранешниот службеник на ЦИА, Едвард Сноуден.

-Изненадени сме со неодамнешните дејствувања, на официјални лица на вашата влада, против нашите колеги во „Гардијан“ и длабоко сме загрижени поради тоа што Англија како застапник за слободата на дебата, користи антитерористички закони за легализација на нешто што се сведува на малтретирање на медиум и поединци поврзани со него, се наведува во писмото.

Британската влада, неделава според зборовите на уредникот на „Гардијан“, Ален Расбриџер, ја принудила редакцијата да го уништи материјалот кој им бил доставен од Сноуден.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

Борис Џонсон во своите мемоари тврди дека кралицата Елизабета имала рак на коските

Три жени ранети во престрелка во Англија

Англија ја совлада Ирска

Мал авион се урна во индустриска зона во Честерфилд

Моторна едрилица се урна на сред пат: Пилотот и патникот преживеаја

(ВИДЕО) Ескалира насилството во Британија: Ќе залажите за ова екстремно десничарко насилство