Урагански ветер изминатите 24 часа остави без струја речиси сто илјади жители на Полска, изјави портпаролката на противпожарната служба, јави ТАСС.
Од вчера до денеска спасувачите реагирале на 1.100 повици за помош. Две лица се ранети во регионот на Червонак, откако дрво паднало врз нивниот автомобил.
Ветерот искорнал повеќе дрва, кои паднале на патишта, на железнички линии, а оштетени се и повеќе далноводи и трансформатори.
Метеоролошкиот институт издаде предупредување дека се очекуваат бури во северните региони на балтичкото крајбрежје.