Ураганот Сенди го напушти регионот на Бахамите и притоа загина 41 човек во реонот на Карипското Море. Ураганот се движи кон источното крајбрежје на САД. Ураганот остави зад себе уништени 5.000 куќи и околу 30.000 оштетени.
Се очекува бројот на жртви да се зголеми бидејќи спасувачки тимови се во потрага по исчезнати и повредени во опустошените реони на островот каде мина ураганот. Сенди беше класифициран како ураган од втора категорија кога ја погоди Куба и предизвика хаос во државата.
Уште утре предмиот фронт на Санди наречкуван во САД како „суперураган“ ќе се судри со два студени фронта од запад и од север и тоа се очекува да предизвика поројни врнежи, урагански ветрови и поплави. Се очекува тоа да трае два до три дена.
Вонредна состојба е прогалсена во Вирџинија и Њујорк како и во Вашингтон. Ураганот се очекува да мине над Њујорк утревечер. Се очекува двата аеродрома – Ла Гвардија и Кенеди да прекинат со работа.
Првичните проценки се дека штетите ќе бидат околу милилјарда долари.
Американските ВМС наредија сите воени бродови меѓу кои и носачот на авиони Хари Труман да ја напуштата базата во Норфлок. Пентагон постави во засилена готовност околу 60.000 од националната гарда во 12 држави и во федералниот дистрикт Колумбија каде е Вашингтон.