Ураганот Норма се приближува кон северозападниот дел на Мексико

Од:

Тропската бура Норма која се појави во источниот дел на Тихиот Океан, прерасна во ураган и се движи кон северозападната мексиканска сојузна држава Баха Калифорнија.

Се очекува Норма да ги погоди јужните делови на Баха Калифорнија во реонот на градот Лос Кабос утре вечер или в понеделник рано изутрина.

Според американскиот Национален центар за урагани, во моментов во жариштето на Норма дуваат ветрови со јачина од 120 километри на час.

Во исто време, мексиканските власти соопштија дека по ударот на ураганот Макс претходните денови во крајбрежната сојузна држава Гереро, еден човек се води како исчезнат. Ураганот оштетил околу 200 куќи само во градот Сан Маркос.

Според метеоролозите, Макс ослабнал на ниво на бура, но и натаму може да донесе поројни дождови во реони на Гереро и во делови на соседната мексиканска сојузна држава Оаксака.

Би можело да ве интересира

Трамп ги одложи царините за Мексико

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Трговска војна со Канада и Мексико, Трамп потврди царини и за ЕУ, ја обвини Јужна Африка за расизам

Катерина Ѓуровски

Претседателката на Мексико нареди контратарифи на одлуката на Трамп

А1он

Трамп: Царините од 25 отсто за Канада и Мексико ќе стапат на сила утре

Трамп испрати уште 1.500 војници на границата со Мексико

(ВИДЕО) Страв и паника кај миграните: Тихуана е во вонредна состојба