Ураганот Метју ослабна до бура од прва категорија со постојани ветрови со максимална брзина од 119 километри на час, додека напредува кон југоисточното крајбрежје на САД.
Американскиот национален центар за урагани посочи дека бурата се движи на североисток со брзина од 19 километри на час покрај бреговите на Јужна и Северна Каролина.
Ураганот зеде околу 900 жртви на Хаити, а четири лица загинаа на Флорида. Метју предизвика големи поплави и остави без струја над еден милион лица во југоисточните делови на САД.