Ураганот Мери му носи на Мексико ветер со брзина од 200 километри на час

Од:

Ураганот „Мери“ зајакна денеска над Пацификот и се трансформира во ураган од четврта категорија, предизвикувајќи трегова во шест мексикански сојузни држави, бидејќи носи ветер со над 200 километри на час, силен дожд и високи бранови, соопшти американскиот Национален центар за урагани.

„Мери“ е оддалечен околу 700 километри јужно од мексиканскиот дел на полуостров Долна Калифорнија и како што наведува Центарот делови од мексиканскиот југозападен брег „веќе ги виделе моќните бранови како резултат на ураганот Мери“.

Во соопштението се додава дека веројатно опасноста од ураганот ќе се прошири кон јужниот дел на полуостровот и кон Калифорнискиот Залив, доколку не се движи северозападно.

Центарот наведе дека тоа е осми ураган над источниот дел на Пацификот со ветер со јачина од 215 километри на час, кои следните денови би можел дополнително да зајакне.

Би можело да ве интересира

Трамп ги одложи царините за Мексико

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Трговска војна со Канада и Мексико, Трамп потврди царини и за ЕУ, ја обвини Јужна Африка за расизам

Катерина Ѓуровски

Претседателката на Мексико нареди контратарифи на одлуката на Трамп

А1он

Трамп: Царините од 25 отсто за Канада и Мексико ќе стапат на сила утре

Повеќе од 25.000 домови во Австралија без струја поради невреме

Трамп испрати уште 1.500 војници на границата со Мексико