Ураганот „Кристина“ во близина на Мексико

Од:

Тропската бура „Кристина“ зајакна и премина во ураган во близина на југозападниот брег на Мексико, соопшти американскиот Национален центар за урагани во Мајами.

„Кристина“ со себе носи ветер со брзина од 120 километри на час и моментално се наоѓа на 425 километри јужно од градот Мансанљо.

Ураганот се движи во правец на запад и се очекува да зајакне во наредните 48 часа, пренесе „Франс прес“.

Центарот за урагани соопшти дека истиот ги погодил деловите на јужно, централно и југозападно Мексико.

Е. Г.

Би можело да ве интересира

Трамп ги паузира и царините за Канада

Трамп ги паузираше царините за Мексико

Силен земјотрес го погоди Мексико

Мексико најави одговор на царините од САД

Горан Наумовски

Мексико екстрадираше нарко-бос и 28 други осуденици во САД

Трамп ги одложи царините за Мексико

Горан Наумовски