Ураганот Харви е една од најскапите бури во историјата на САД

Од:

Вкупните трошоци и штети кои ги предизвика ураганот Харви се проценуваат на 42 милијарди долари, поради што може да се вброи меѓу петте најскапи бури во историјата на САД.

– Во текот на изминатата ноќ, проценката на штетите порасна од 30 милијарди долари на 42 милијарди долари, бидејќи поплавите почнаа да се шират и во Луизијана, наведе Чак Вотсон од компанијата „Енки рисрч“.

Иако властите и понатаму се фокусираат на спасувањето на преживеаните лица, последиците од бурата постепено излегуваат на виделина.

– Да беше Харви нормален ураган, тоа веројатно би била штета од четири милијарди долари. Би било трагично за луѓето погодени од бурата, но кога станува збор за ефектите по макроекономијата, воопшто не би зборувале за тоа, нагласи Вотсон.

Со неповратни економски загуби од 42 милијарди долари, ураганот Харви зад себе ќе остави штета како ураганот Ајк, што во 2008 година го погоди Тексас и делови на Карипските Острови, нанесувајќи штета од 43 милијарди долари.

Би можело да ве интересира

САД ја условуваaт Украина: Признание за губењето територии, во замена за воена помош

Горан Наумовски

Америка нуди 25 милиони долари за апсење на Николас Мадуро

Тригодишно дете е најновата жртва на пиротехниката во САД

„Фајненшл тајмс“: САД и Русија се сериозна безбедносна закана за европските земји

Сандерс: САД не смеат да испраќаат повеќе бомби до екстремистичката влада на Нетанјаху

Америка ги ублажува санкциите кон Сирија по падот на Асад

Горан Наумовски