Ураганот Барбара му се заканува на Мексико

Од:

Тропската бура Барбара на Пацификот се приближува до нивото на ураган и за делови од крајбрежните подрачја на Мексико денеска е издадено предупредување за удар на ураган.

Максималната јачина на ветерот е зголемена на близу сто километри на час.

Американскиот Национален центар за урагани во Мајами соопшти дека очекува бурата да премине во ураган, пред да стигне до копното, но дека ќе почне да слабее, откако нејзиниот центар ќе се помести подлабоко на копното.

Моментално центарот на бурата се наоѓа на околу 115 километри јужно од местото Слина Круз во Мексико и се движи во правец на североисток со брзина од 13 километри на час.

Би можело да ве интересира

Најмалку осум лица се убиени во напад на криминалци во Мексико

Горан Наумовски

Силен земјотрес го погоди Мексико

Три лица загинаа во хеликоптерска несреќа во Мексико Сити

Гневни граѓани до смрт претепаа жена во Мексико осомничена за киднапирање и убиство на мало девојче

Демонстрантите во Мексико упаднаа во претседателската палата

ВИДЕО: Страотна несреќа во Мексико, 19 мртви