Загубите за осигурителните компании од ураганите, кои беснеат во регионот на Карибите и Северна Америка може да достигнат 200 милијарди долари, објави денеска „Сандеј тајмс”, повикувајќи се на директорката на специјализираниот осигурителниот пазар Лојд оф Лондон (Lloyd’s of London) Инга Бијл.
Според нејзините проценки ситуацијата се развива според најпесимистичкото сценарио, кое е развиено заедно со Бенк оф Ингланд (Bank of England).
– Прво беше Харви, кој се покажа како необичен тип бура, која предизвика големи поплави, посочи Бијл.
– Потоа се соочивме со ураганот Ирма, кој, како што претходно објавивме, може да чини 131 милијарда долари. Потоа ако го додадеме ураганот Хосе и ако се случи уште нешто загубите можат да достигнат 200 милијарди долари, додаде таа.