Упад во Градскиот совет во Белфаст

Од:

Поголема група демонстранти синоќа упадна во приземјето на Градскиот совет во Белфаст и се судри со полицијата, откако католичкото мнозинство изгласа да се острани британското знаме од врвот на зградата на Советот.

Властите соопштија дека во текот на вчерашните судири на паркингот на Градскиот совет се повредени петмина полицајци.

Повеќе од 1.000 демонстранти, од кои многумина носеа британски знамиња, се судрија со полицијата откако националистичките пратеници на Шин Фејн и СДЛП изгласаа од врвот на згр

адата да се отстрани знамето на Обединетото кралство, кое таму се вее од отворањето на Советот во 1906 година.

Според оваа одлука, знамето би се кревало само во текот на 17-те официјални празници, пренесуваат агенциите.

 Одреден број побеснети демонстранти се обиделе да влезат низ заклучената капија, оштетувајќи служебни возила, а потоа се судриле со полицајците, кои употребиле пендреци.

Би можело да ве интересира

Бизарна кражба во тоалет во ресторан во Англија – сопственикот е шокиран

А1он

Затворени 300 пабови: 4.500 луѓе останаа без работа

(ВИДЕО) Маж запали Куран пред турскиот конзулат во Лондон

Даблин: Неколку лица се избодени со нож, напаѓачот е уапсен

Горан Наумовски

Масовно затворање пабови во Англија

А1он

ВИДЕО: Невремето „Берт“ ја однесе првата жртва во Британија, илјадници без струја во Ирска

Катерина Ѓуровски