Уништено складиште на фондацијата на Олена Зеленска во руски напад врз Киев

Од:

Складиштето на фондацијата на Олена Зеленска, сопругата на украинскиот претседател Володимир Зеленски, целосно е уништено во руски напад врз Киев изведен во вторникот. Во пожарот што избувнал по нападот изгорела и целата хуманитарна помош што се наоѓала во објектот, пренесува „Правда“.

Фондацијата на социјалните мрежи потврди дека во нападот нема повредени. Од таму им се заблагодарија на единиците на Државната служба за вонредни ситуации за брзата и професионална интервенција.

„Во складиштето се наоѓаше хуманитарна помош што ја набавивме или ја добивме од партнери. Планиравме да ја доставиме до деца, семејства и установи низ Украина, согласно нивните потреби“, се наведува во објавата.

Од прес-службата на фондацијата соопштија дека во пожарот изгореле генератори, апарати за домаќинство, лаптопи, таблети, електронски читачи и медицинска опрема.

Опремата била наменета за поддршка на образованието, работата на училиштата и болниците, како и за помош на семејства во различни делови на Украина.

Во ноќта кон средата, руски дронови со млазен погон погодиле и магацински простории во Киев во кои се чувале реквизити на продукциското студио „Квартал 95“.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Напади врз воен аеродром и рафинерија во Русија

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Како изгледаат изборите за руската Дума на окупираните територии во Украина

ВИДЕО: Американскиот конгрес усвои закон за нови санкции кон Русија

ВИДЕО: Рекордни цени на дизелот во САД, Трамп го обвини Зеленски

Фон дер Лајен предупредува: „Русија нè тестира“

Лавров: Да не се повлечеа Американците, ќе живеевме во мир веќе една година