(ВИДЕО) Уништен мост: Единствен премин од Херсон до територија контролирана од руските сили

Од:

Мостот Антонивски, единствениот патен мост што можеше да се користи за преминување од украинскиот град Херсон до источниот брег на реката Днепар, односно до територијата контролирана од руските сили, е целосно уништен, објави утрово украинската јавна телевизија, повикувајќи се на локалните жители.

TV Suspilne објави фотографија на која се гледа дека големи делови од мостот веќе не постојат. Вториот најблизок патен премин преку реките Днепар е оддалечен повеќе од 70 километри од градот Херсон.

Како што пренесува Гардијан, се уште не е целосно јасно што го предизвикало уништувањето на мостот. Во средата Русија најави повлекување на своите сили од западниот брег на Днепар на другата страна, а вчера потврди дека повлекувањето започнало. Оттогаш, Украина ослободи повеќе од 10 населби во регионот Херсон.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Трамп: Ако одбијат примирје, глупави се и ќе се повлечеме

(ВИДЕО) Драматично се засилуваат руските напади на Суми: „Луѓето се пакуваат“

Што има во американскиот план за мир: за Украина нема НАТО, главен проблем „петте окупирани територии“

ВИДЕО: Ако не ја завршиме војната за неколку дена, САД се повлекува, порача Марко Рубио

ВИДЕО: Трамп го нервираат и Зеленски и Путин, од Москва итно очекува одговор за крај на војната

(ВИДЕО) Зеленски почна голема одмазда: гори Курск