УНИЦЕФ: Во нападите врз цивилни области во Јемен загинале 1.400 деца

Од:

Речиси 1.400 деца се убиени, стотици се повредени, а голем број училишта се затворени поради војната во Јемен, соопшти денеска УНИЦЕФ.

– И понатаму десетици деца во Јемен гинат или се повредени при напади врз цивилни области. Намсето да учат, децата се сведоци на смрт, војна и уништување, изјави претставничката на УНИЦЕФ во Јемен, Меритсле Релано.

Таа ги повика сите инволвирани страни во конфликтот да ги заштитат децата и да ги прекинат нападите врз училиштата.

– Училиштата треба да бидат зона на мирот во сите времиња, светилиште каде децата треба да учат, растат, играат и да бидат безбедни, истакна Релано.

Таа нагласи дека во Јемен веќе не се употребливи речиси 2.000 училишта, бидејќи се уништени, оштетени или се користат за воени цели.

Би можело да ве интересира

Израелската армија пресретна ракета лансирана од Јемен

Гутереш: Израелските напади врз цели во Јемен се особено загрижувачки

Израелски авиони нападнаа голем број цели во Јемен

Русите испраќаат борци и од Јемен да се борат против Украина

Секое трето дете во земјава живее во сиромаштија

Катерина Ѓуровски

САД нападна подземни складишта со оружје на Хутите во Јемен