УНИЦЕФ со најсеопфатен извештај за менталната благосостојба на децата и адолесцентите

Од:

Владите ширум светот мора да инвестираат повеќе пари и средства за зачувување на менталната благосостојба на децата и адолесцентите, предупреди најновиот извештај на агенцијата на ОН за заштита на децата, УНИЦЕФ. Во него се предупредува на негативни последици врз менталното здравје поради пандемијата на Ковид-19.

Пандемијата ги погоди особено сиромашните и загрозени деца, се нагласува во документот.

Детскиот фонд на ОН објави дека извештајот „Состојбата на децата во светот“ е досега најсеопфатната студија на УНИЦЕФ за менталното здравје на децата и адолесцентите ширум светот.

Кризата со коронавирусот, која принуди да се затворат училиштата, што го влоши животот на децата и адолесцентите, го донесе прашањето за нивната ментална благосостојба во прв план.

Според проценките на УНИЦЕФ, ќе бидат потребни години за целосно да се измери влијанието на пандемијата врз менталното здравје на младите луѓе. Психијатрите брзо видоа знаци на вознемиреност, а децата и адолесцентите побараа помош поради самоубиствени мисли, вознемиреност, нарушувања во исхраната и други тешкотии

– Со ограничувањата на движењето поврзани со пандемијата, децата поминаа неизбришливи години од својот живот далеку од семејството, пријателите, училниците, кои се клучни елементи на самото детство, рече извршната директорка на УНИЦЕФ, Хенриета Форе.

– Влијанието е значајно и тоа е само врвот на ледениот брег, додаде таа.

Повикувајќи се на податоци пред пандемијата за 2019 година, УНИЦЕФ проценува дека секоја година речиси 46.000 деца и адолесценти на возраст од 10 до 19 години си го одземаат својот живот.

Би можело да ве интересира

УНИЦЕФ: Најмалку 100 деца се убиени или ранети секој ден во Појасот Газа од 18 март

Секое трето дете во земјава живее во сиромаштија

Катерина Ѓуровски

Децата се 70 отсто од жртвите на трговија со луѓе во Македонија

Катерина Ѓуровски

УНИЦЕФ ги повика талибанците да дозволат девојчињата да се вратат на училиште

ВИДЕО: Погодено возило на УНИЦЕФ на влезот на Газа

УНИЦЕФ: Најмалку 17.000 деца во Газа се одвоени од своите семејства