УНИЦЕФ предупредува на смрт кај децата заради сушата во Северна Кореја

Од:

Потребни се итни мерки за ублажување на последиците од сушата во Северна Кореја за да се спречи смртта кај децата кои веќе и онака се ослабнати од широко распространетата недохранетост во таа земја, денеска предупреди УНИЦЕФ.

– Ситуацијата е ургентна. Но ако делуваме сега така што ќе им ја обезбедиме неопходната експертиза и распределба на храна, ќе можеме да ги спасиме животите на луѓето, изјави регионалниот директор на УНИЦЕФ за источна Азија, Даниел Тул, пренесе Танјуг.

„Доколкку ја одложиме помошта додека не биде извесно дека жетвата во Северна Кореја е пропадната, можеби ќе биде предоцна за се спасат животите на најранливите деца“, предупреди тој.

Во Северна Кореја, како што минатиот месец опишаа тамошните државни медиуми, „владее најлошата суша во последните 100 години“, која најмногу ги погоди токму подрачјата на кои се одгледува ориз.

УНИЦЕФ соопшти дека нивните работници неодамна се состанале со локалните претставници од здравствениот сектор во подрачјата погодени од сушата, кои им потврдиле дека е забележен значаен раст на случаите на диареја кај децата.

– Недостигот на врнежи негативно влијае врз достапот до чиста вода и врз хигиената воопшто, со што во опасност се доведува животот на децата, рече Тул.

Истражувањето од 2012 година покажа дека една четвртина од децата во Северна Кореја имаат симптоми на хронична недохранетост.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Северна Кореја објави снимка од тестирањето на хиперсонична ракета

Северна Кореја успешно лансираше нова хиперсонична ракета

Северна Кореја лансираше балистичка ракета за време на посетата на Блинкен на Јужна Кореја

Москва на Пјонгјанг ќе му подари авиони, а за возврат ќе добие војници

Медиуми: Севернокорејски генерал е ранет во неодамнешниот украински ракетен напад

Горан Наумовски

Ким Јонг-ун нареди зајакнување на нуклеарните сили: „Мораме да ги завршиме подготовките за војна“