УНИЦЕФ: Околу 2,3 милиони деца во Тиграј немаат пристап до хуманитарната помош

Од:

Во провинцијата Тиграј, северна Етиопија, каде не престанува насилството, околу 2,3 милиони деца немаат пристап до хуманитарната помош, соопшти УНИЦЕФ.

– Помошта за децата во Тиграј мора да биде приоритет, соопшти УНИЦЕФ, додека хуманитарните организации укажуваат дека и покрај договорот со етиописките власти, забранет им е пристап до загрозените подрачја.

Додека етиописките власти тврдат дека презеле контрола, припадниците на Народноослободителниот фронт на Тиграј и понатаму се борат на неколку фронтови. Судирите во Тиграј почнаа на 4 ноември, при што досега загинаа илјадници луѓе, а околу 50.000 избегале во соседен Судан.

Обединети нации бараар безусловно и итно овозможување на трајна достава на хуманитарна помош до сите на кои им е потребна. Но, ниту етиописката Влада ниту бунтовниците не одговорија на апелот.

Би можело да ве интересира

УНИЦЕФ: Најмалку 100 деца се убиени или ранети секој ден во Појасот Газа од 18 март

Силен земјотрес ја погоди Етиопија

Горан Наумовски

Земјотрес со јачина од пет степени ја погоди Етиопија

Силен земјотрес ја погоди Етиопија

Секое трето дете во земјава живее во сиромаштија

Катерина Ѓуровски

Децата се 70 отсто од жртвите на трговија со луѓе во Македонија

Катерина Ѓуровски