УНИЦЕФ: На околу 2,3 милиони деца во етиопскиот регион Тиграј им е потребна итна помош

Од:

Итна помош им е потребна на околу 2,3 милиони деца по избувнувањето на конфликтот во етиопискиот регион Тиграј додека илјадници други се изложени на ризик во бегалските кампови, соопшти денеска агенцијата за деца на ОН.

Тиграј е потресен од крвави борби од 4 ноември, кога етиопскиот премиер Абиу Ахмед најави почнување воени операции против регионалната влада.

Тој потег беше драматична ескалација на долготрајните несогласувања помеѓу федералната влада и Народниот ослободителен фронт, владејачка партија, која доминираше во етиопската политика за речиси три децении пред Aбиу да ја презеде функцијата во 2018 година

Стотици луѓе се убиени во борбите, а илјадници избегаа преку северната граница на Етиопија кон соседен Судан.

– Во регионот Тиграј, ограничениот пристап и тековниот прекин на комуникациите оставија околу 2,3 милиони деца на кои им е потребна хуманитарна помош и се недостапни за помош, изјави извршната директорка на УНИЦЕФ, Хенриета Форе.

Агенцијата проценува дека „околу 12.000 деца – некои од нив без родители или роднини – се во засолништа во центрите за регистрација и се изложени на ризик“.

Многу од импровизираните кампови поставени во Судан се пренатрупани, а бегалците се борат со нехигиенски услови, ограничен пристап до вода и храна.

Агенцијата на ОН соопшти дека се обидела да обезбеди итна помош и поддршка за спасување на живот за децата кои живеат во „екстремно тешки“ услови во камповите.

Форе ги повика сите страни во конфликтот да дозволат хуманитарен пристап и да се воздржат од употреба на експлозиви во густо населените области.

Би можело да ве интересира

Секое трето дете во земјава живее во сиромаштија

Катерина Ѓуровски

Децата се 70 отсто од жртвите на трговија со луѓе во Македонија

Катерина Ѓуровски

УНИЦЕФ ги повика талибанците да дозволат девојчињата да се вратат на училиште

ВИДЕО: Погодено возило на УНИЦЕФ на влезот на Газа

УНИЦЕФ: Најмалку 17.000 деца во Газа се одвоени од своите семејства

УНИЦЕФ: Убиството на децата во Газа мора да се запре, тие не се цел